февруари 13, 2020

Белчишта, 13. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува расипничкото и (не)транспарентно работење на градоначалникот Зоран Ногачески, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.

– Со запознавањето на јавноста за работењето на ЈКП „Дебрца“ во првиот квартал од 2019 година Ногачески не превзема ништо за разрешување на директорот кој лично тој го назначи. Дали вака транспарентно ги трошат парите на граѓаните, уверете се сами. И покрај одлуката за поскапување на водата за 20%, во вториот квартален извештај на ЈКП „Дебрца“ за 2019 година стои дека повторно е направена загуба во висина од 348.672 денари. За репрезентација и во овој квартал потрошиле 27.294 денари, дневници за службени патувања во висина од 11.795 денари плус надомест за користење на сопствено возило од 3.500 денари. Дали вакво расипничко работење ветуваше пред избори градоначалникот во заминување уверетесе сами, порачуваат од партијата.

Image may contain: text

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука