Белчишта, 17. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Расипничкото владеење на градоначалникот Зоран Ногачески продолжува, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.
– Пред да дојде на власт ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења за весници, списанија и огласи меѓутоа ништо од тоа како и за се што вети ништо не направи. Сакаме да ја запознаеме јавноста дека Ногачески и овој пат ги излажал и потрошил невероватни 315.973.00 денари за весници списанија и објавување на огласи во 2018 година што може да се види во завршната сметка на општина Дебрца за 2018 година. Отука сакаме да го запрашаме Ногачески дали со овие средства ги купува порталите за да го фалат замајувајќија јавноста за неговиот неуспех и прикажувајќи го во успех? Дали ваков живот ветувавте пред да дојдете на власт? Затоа за брзо време обновата ќе дојде и во Дебрца, а вие градоначалниче ќе заминете, реагираат од партијата.
извор: ОхридПрес фото: архива