октомври 18, 2019

Охрид, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Целосната некоординираност на централната и локалната власт е на штета на граѓаните. Неспособноста на Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се потврдува сè повеќе и повеќе, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по денешната едногласна одлука на Градскиот совет за поделба на МЈП „Проаква“.

– Една година воопшто не се презеде ништо, па мораше повторно да се донесе одлука за поделба на МЈП „Проаква“ и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското Езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“. Прретходно беше донесена одлука, а дури пред десетина дена Владата донесе одлука за инвестирање на 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Ја потсетуваме, но и предупредуваме ОО СДСМ да внимава што прави во иднина, затоа што нивниот поранешен градоначалник Петрески ја продаде Проаква и Нискоградба што предвидуваше многу поскапа вода за пиење. ВМРО-ДПМНЕ успеа да го врати претпријатието во рацете на граѓаните со што се овозможи сегашната одлука да биде завршена конечно.
ВМРО-ДПМНЕ и охриѓани очекуваат после две години наместо соопштенија, конкретни реализирани капитални инвестиции и проекти, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука