февруари 17, 2018

Охрид, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ сака да ги убеди охриѓани кои се со голема свест и разум дека сите години додека тие биле на власт граѓаните цело време сонувале. Охриѓани се мудри и знаат дека осум години СДСМ владееше и дивееше во Охрид, а Вие се дрзнувате да ја манипулирате јавноста, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Факт е дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Д-р Никола Бакрачески изминатите 4 години Охрид доживеа ренесанса, процут, за сега повторно да биде вратен назад во мрачното време. Додека изнесувате невистини и лаги треба да објасните зошто полициските резервисти се избркани од работа, и на новите лица да не им го затскривате криминалното досие. СДСМ не го интересираат граѓаните. Така дојдоа на Власт со притисоци и закани така и ќе си заминат. Начинот на кој се однесуваат покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои веднаш треба да се вработат луѓе од СДСМ. Докажаа дека секој кој работи чесно и достоинствено а не е нивен истомисленик ќе биде ставен во функција на одмазда а сите останати под притисок пред се` и над се` во функција на партијата. СДСМ во Охрид е синоним за криминал и грабеж, недомаќинско работење, пустош на економијата и уништување на цели семејства. Ваквиот начин на владеење на СДСМ, со политички прогони и реваншизам на неистомисленици, со бркање од работа на охриѓани заради исполнување партиски агенди, ќе им се удри од глава. За тоа како владее СДСМ и што значи партиска книшка и непотизам наредните денови ќе се запознае целата охридска јавност, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука