февруари 15, 2018

Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Целата непсобност и омраза која постои во редовите на СДСМ се рефлектира во културата и културното живеење во Охрид. Искрено жалиме што не успеваат да се надминат себе си и да одговорат барем на едно единствено прашање, реагираат на изнесеното во денешниот допис до медиумите испратен од ОО на СДСМ од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Наместо да застанат во афирмација на културните манифестации во Охрид дрско и безобразно уште кажуваат невистини против кадрите што на највисоко ниво го издигнинаа културниот живот во Охрид. Разберете господа од СДСМ, бранејќи го безидејниот политички памфлет Вие сте класичен пример како државата и политиката можат некомпетентно, безобразно и тенденциозно да се обидуваат да си поигруваат со културната стварност на Охрид. Немате кредибилитет како уништувачи  на културата и затоа не може да избегате од фактот дека оновните критериуми и начела за распределба на проектите не се естетски, туку пред се` политички. Јасно се гледа дека целта е задоволување на апетитите на подобните соработници на Заев и поддржувачи на таканаречената „Шарена револуција“. Да, тие истите коишто фарбаа споменици, демолираа палеа државни институции и ја сквернавеа нашата култура. Зарем „Поетската ноќ во Велестово“, „Меѓународниот балкански фестивал на народни песни и ора“, претставите на Театарот, книжниот фонд на Библиотеката и низа културни манифестации се проекти за доделување под маса? Кажете еден ваш проект? Срамота… За вас културата е мисловна именка, реагираат од партијата.

Потсетуваат дека во време на ВМРО-ДПМНЕ за првпат е основан професионален театар во Охрид, беа пуштени во употреба новите простории на „Охридско лето“, и се даде традиционална поддршка на францускиот филмски фестивал, значи се придонесе за реализација на благородната мисија за врвни уметнички вредности.

– Уривањето на културното достоинство и деградирањето на културните вредности од страна на СДСМ ја доживеа својата највисока точка и затоа веднаш бараме да биде повлечена Годишната програма, додаваат во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука