Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните за кои укажувавме претходно сега веќе јавно се потврдуваат, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Во медиумите веќе се појавија потпишани документи кои исто така беа потврдени и од општинската говорница на вчерашната седница на Советот. Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија? Како Тунтев ќе го објасни барањето во договорот на Коалицијата „Заедно за Охрид“ до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија? Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Тунтев и советникот Усеини знаат дека за вакво дело сносат кривична одговорност? Тунтев и Усеини треба да се засрамат поради политички договор во замена на гласовите на етничките заедници. Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар. СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес