Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на охриѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во последниот допис до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Ниту едно бледо соопштение на неспособниот СДС нема да може да го прикрие фактот дека сака да ги копира проектите на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. Охриѓани на вчерашниот народен во огромна масовност кажаа дека сакаат продолжување на светлата иднина за градот и ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.
Кога СДС зборува и критикува проекти кои се спроведени, се спроведуваат или ќе се спроведат во градот Охрид, несомнено кај нив владее амнезија. Без ниту тронка срам и морал СДС се дрзнува да зборува за работата на Локалната самоуправа предводена од Д-р Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ без притоа да погледне во мрачното минато од нивното владеење и она што го оставија зад себе токму со владеењето во градот Охрид преку нивниот градоначалник Петрески. За да се препише нешто и направи копија, треба да постои оргинал. Оргиналот за жал с`е уште досега не го видовме, ниту пак во вашите 8 години не го најдовме, а нема ни да го најдеме. Го повикувате Д-р Митко Тилевски, но тој за вас е човек-титан, повикајте се во своите редови и одговорите ќе ги најдете таму каде што според ветувањата за мрачните Ваши 8 години требаше да имаме 8 базени, 8 автобуски станици, 8 катни гаражи, градско пристаниште, зелени пазари и уште многу други работи…што ги немаме а сега ќе има само се правите слепи при свои очи. Единствената вистина е да се продолжи политиката на лаги, понижување на охриѓани и неспособност да се раководат институциите а со тоа уништување на градот Охрид. Охриѓани многу добро ја препознаваат Вашата стандардна политика со долгогодишните лаги, манипулации и задолжување, урбана мафија, корумпираност и неажурна локална власт на чело со партиски војници. Она што Охриѓани го очекуваат е јавно извинување на СДС за лажниот живот што го нудеа како и за огромниот број негативности направени кон градот Охрид, но и да изразат јавна благодарност кон ВМРО-ДПМНЕ. Би требало, во СДС да сте свесни дека народот знае да казнува. И ќе ве казни повторно на претстојните локални избори на 15-ти октомври исто така како на 11 декември но и пред четири години. Охриѓани ги препознаваат добрите намери и постигнатото затоа уште во првиот круг ќе ја дадат поддршката за д-р Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива