февруари 24, 2015

Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Манипулациите на СДСМ изразени на централно ниво преку објавување на снимени разговори кои се на штета на државава, денес кулминираа на локално ниво, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија која на локално ниво има 6.500 членови и огромен број на симпатизери. Станува збор за сериозна бројка на луѓе која доволно објаснува дека овој сериозен политички субјект нема никаква потреба да добива гласови со притисоци и уцени. Бомбите на СДСМ околу прислушувањата се уште една потврда дека оваа политичка партија не знае ништо друго, освен да го привлече вниманието со своите криминални дејствија од кои се згрозени и охридската и македонската јавност, стои меѓу другото во дописот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука