октомври 26, 2021

Охрид, 26. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство и затоа се определуваме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта. Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала, и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви ќе бидат поставени и на уште на две локации. Заокружи 7 за голема победа на д-р Кирил Пецаков. На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, порачуваат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука