Охрид, 10. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По реакцијата на централата од Скопје, со став по последниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид излегоа и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Функционерите и структурите на СДСМ и околу Димитар Ковачевски се во криминална коалиција со наркобандите во Македонија и се посветени само на тоа каде да дозволат и да набават кокаин. СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе. Лицето за кое СДС држи пресови по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешено од местото Претседател на Месниот Комитет Пештани во Охрид. Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата. Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков ќе побара од Директорката на училиштето каде работи поведување на дисциплинска постапка за прекинување на работниот однос. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш и никого да штити што се огрешил пред законот и секој е лично одговорен за сопствените постапки. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и институциите кои ги води сѐ уште не преземаат никакви мерки за Претседателката на СДС Охрид, Кристина Крлеска- Деспотоска која преку фалсификат документи стана директорка на Централниот регистар на Република Македонија, за што имаше уредна пријава од ВМРО-ДПМНЕ до ДКСК, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес