септември 11, 2019

Охрид, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – МВР со својата работа наместо да биде во заштита на граѓаните со сите последни случувања само им создава проблеми и маки, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Зошто граѓаните на Охрид се препраќаат да извадат Уверение за државјанство на Република Македонија во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид? Граѓаните се изложени на дополнителен трошок да одат во Струга или Ресен наместо тоа да го направат на шалтерите во СВР Охрид. Зошто МВР им ја ускратува јавната услуга на граѓаните кога таа е регулирана со Закон за државјанството на Република Македонија? МВР ветуваше двосменско работење токму со цел да се излезе во пресрет на граѓаните но гледаме дека тоа воопшто не функционира. ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид апелира да не им се ускратуваат правата на граѓаните и како што можат да извршат фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање во Охрид така и непречено граѓаните да може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука