Охрид, 19. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на ЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски наместо да ја префрла топката на Локалната самоуправа да ги засука ракавите и да го реши проблемот со нефункционалниот колекторски систем. Но очигледно не е способен за менаџирање и потребно е да си поднесе оставка од функцијата, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Директорот сега мудрува за еколошката катастрофа кај Воска заборавајќи дека претходно самиот тој беше и директор на ЈП „Водовод“. Што направија претходно во однос на дивите приклучоци и неодвоената фекална и атмосферска канализација? Што е преземено досега во однос на прочистување и санирање на критичните точки на колекторот? Затоа што доцни санацијата за жал фекалии и непречистени води завршуваат директно во Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото. Ако централната власт на СДСМ и Директорот сакаат да докажат дека навистина не е така тогаш веднаш да се зафатат со рехабилитација и надградба на колекторскиот систем, во спротивно нека си одат. Потребна е одговорност од Директорот затоа што системот е во тотален колапс и воопшто не е вратен во нормала како што ветуваше СДСМ, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес