ноември 6, 2019

Охрид, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од две години локална власт на СДСМ, повеќе од две години неработа и негрижа, повеќе од две години лаги и измами, урбана мафија, непотизам и партизација, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Со СДСМ нема нови проекти, нема нови инвестиции. Со СДСМ има поскапи сметки за вода, поскап паркинг, само зголемени давачки. НЕМА изградба на катни гаражи во централното градско подрачје. Охрид не доби современ Градски Кеј, додека пак пристаништето се распаѓа. НЕМА ништо од новиот лик на плоштадот Крушевска Република. НЕМА доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки. НЕМА ни трага од четирите спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“ – нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, ОУТУ „Ванчо Питошески“. НЕМА изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во ОУ „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан. НЕМА изграден регионален центар за обука на наставен кадар во соработка со МОН во училиштето во с. Трпејца. Охрид остана без нов здравствен дом. НЕМА Детски културен центар, ниту Младински културен центар, ниту изградба на современи детски игралишта. Охрид остана без нов Театар. НЕМА модернизација на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“. Охрид остана без затворен спортски базен, но и без затворен зелен пазар. НЕМА ништо од спасот на Студенчишкото блато и заштитата на езерскиот еко-систем. Не е решен проблемот со бездомните животни. НЕМА Агро центар и изградба на фабрика за отпад.
НЕМА комплетно инфраструктурно уредување на улиците „Абас Емин“ и „Железничка“. НЕМА реконструкција на улиците „Јане Сандански“, „Прва македонска ударна бригада“, „Македонски просветители“ и „7 Ноември“. НЕМА Марина на постоечкото пристаниште во Пештани. НЕМА трага од гасификација на Охрид. Долго е листата на НЕМА со СДСМ. Единствено што успеаа да направат се бројните дивоградби и да го загрозат статусот на Охрид под УНЕСКО. Сѐ што вети СДСМ не оствари. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески покажаа дека не знаат и немаат способност да ја раководат општината. На Охрид и Македонија им е потребна обнова за крај на измамите, криминалот и лагите, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука