февруари 1, 2020

Охрид, 1. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не ги спроведуваат активностите за исполнување на препораките од УНЕСКО, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Пред самиот истек на рокот се фалат со сработеното, а тоа според стручната јавност е само шминка.
Градоначалникот Георгиески лицемерно најавуваше справување во секунди и лажно објавуваше борба со дивоградбите. До каде е уривањето на сите дивоградби? Зошто не се урива бетонската база? Зошто не се почитува мораториумот за градба? Што се случи со Регистарот на дивоградби и зошто не е достапен за јавноста? Дали му се врзани рацете на Георгиески поради спроведениот изборен инжинеринг? Неспособноста на СДСМ и Георгиески е видлива на терен. Нема враќање на реката Сатеска во старото корито. Нема затворање на депонијата Буково. Власта на СДСМ и градоначалникот Георгиески не преземаат апсолутно ништо за процесот на рушење на дивоградбите кој е во целосна надлежност на општината. Наместо да се крие зад измислени точки на Советот, градоначалникот Георгиески да не бара изговори со единствена цел да не постапи по решенијата. Ако власта на СДСМ и Герогиески се залага за правна држава, тогаш крајно време е да престане да постапува спротивно од тоа, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука