октомври 7, 2019

Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не се грижат за децата и младите. Премногу ветени спортски и детски игралишта насекаде низ целиот град и руралните средини, но за жал ниту едно изградено или реконструирано, порача на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Сликата којашто може да се види на ова детско игралиште позади нас, но и на сите други детски и спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба. Кога планирате да ги направите ветуваните детски игралишта во Центар, Долна Влашка маала и 15 Корпус? Децата и младите од населбите Воска и Црногорци останаа без ветеното поставување на нови детски игралишта, а за постоечките воопшто не се води грижа. Зошто не преземате никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“?
Младите чекаат да се реновираат спортските терени за мали спортови во Долно Лакочереј и Лескоец.
Нема никаква трага и од изградбата на двата детски парка во Велгошти. Ова ли е грижата за најмладите од страна на Локалната самоуправа и градоначалникот Георгиески? Со СДСМ и Георгиески нема ништо од изградба на современи спортски и детски игралишта, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука