Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Локалната Власт предводена од СДСМ секој ден ги носи охриѓани се` поблиску до бездна. Животот е со поскапување, реформите се со повисоки цени. Видливи се зголемените трошоци и нема никаво подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба. Управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 година носи скандалозна одлука со која утврдува зголемување висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи. Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари имаат нови давачки за да набават лиценца, да платат паушален данок како и придонеси? Се зголемува надоместокот за користење под закуп тезги, дневниот надоместок за користење на тезгата за еден ден, штандови, а најголемо зголемување има кај деловните простори за цели 71.8%. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ќе ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ќе ги поскапат и цените на производите кои охриѓани треба да ги купат. ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите под секакво достоинство и стандард и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид, порачаа од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали се враќа ли времето кога општински претпријатија стануваат сопственост на мал број криминално-бизнис кланови блиски токму до СДСМ?
– Охриѓани се излажани и изманипулирани. Од СДСМ ја очекуваат доизградбата на затворениот зелен пазар а СДСМ донесе стагнација и беда. Загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец. Со раст на трошоците за живот сериозно се загрозува животниот стандард на охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива