октомври 2, 2017

Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ со изнена­деност ја прими инфо­рмацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во сопственост на Кон­стантин Георгиевски, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразу­ва на највулгарен на­чин, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги чи­таа овие вулгарности на неговиот профил. Ја повикуваме СДС ја­вно да се огради од неговите испади и да им се извини на гра­ѓаните за ваквите на­јблаго кажано – испади на носителот на нив­ната листа, со кои тој врши досега невид­ено омаловажување на јавно кажаниот збор од политичар, врши недозволива естрадиз­ација на јавноста и целосна девалвација на фунцкијата Советн­ик. Воедно изразуваме на­деж дека серијалот вакви испади ќе заврши и партијата СДС ќе најде начин да го исконтролира овој очи­гледно неконтролиран процес на сеење вул­гарности од најниско ниво во јавноста, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука