Охрид, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Проектот мрежа за партизација и кронизам е поврзан со Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС кој ја поставува Кристина Крлеска- Деспотоска за главна на охридската филијала на СДС само поради роднинските врски како единствен критериум, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Кристина Крлеска- Деспотоска со помош на роднинската моќ, откако четири години залудно ги потроши како директор на ЈП „Градски пазар“, по смена на локалната власт, незаконски и на фалсификаторски начин е преместена како Раководител на Централен регистар Охрид, за што е покрената истрага од надлежните институции поради сомнеж за фалсификување документи. Сопругот Климе Деспотоски поради семејните врски со Зечевиќ станува негов оперативец и од тоа добива корист и ќар, стои во дописот до медиумите.
Од партијата додаваат дека заедно со Крлеска- Деспотоска имаат печатница „Коста Абраш“, фирма која додека е директорка на Јавно претпријатие за 4 години има случено договори со опптинските јавни претпријатија ЈП „Водовод“, ЈП „Охридски Комуналец“, ЈП „Нискоградба“ во вредност од 8.453.000 денари.
– Проектот мрежа за партизација сѐ повеќе и повеќе се разгранува и шемите се огромни, за сите лица во него да имаат послушност кон Миле Зечевиќ задолжена е неговата братучетка Кристина Крлеска- Деспотоска. Крлеска- Деспотоска да излезе во јавност за оваа цела афера со испреплетени мрежи затоа што охриѓани чекаат одговор, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива