Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Институциите во градот мора да ја почитуваат волјата на граѓаните, но според информациите што ги добивме како партија, деновиве се вршат огромни притисоци врз вработените во општината, јавните претпријатија и државните институции, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– На граѓаните од нивните партиски шефови со наредба преку списоци им е наложено да се потпишат за присуство на Мечкин Камен на 2-ри Август, а доколку не присуствуваат да ја наведат причината зошто нема да одат во Крушево. За да се прикаже наводна поддршка на ненародната власт на Зоран Заев за партиски цели се злоупотребуваат граѓаните. Зошто кога СДСМ не се чувствува патриотска партија и не ги штити националните интереси сега со притисок поддржува концепт кој свесно го брише, а длабоко е врежан во колективната меморија на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да не се плашат и да се охрабрат да ги пријавуваат сите притисоци што ги вршат СДСМ, општината, директорите и градоначалникот Константин Георгиески. Доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и Зоран Заев, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива