јануари 30, 2015

Охрид, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид реагираат на изнесеното на денешната прес конференција на претседателот на ОО на ЛДП од Охрид Дејан Блажески.

– Немаме намера да одговараме на прес конференции на „млади деца“, кои наместо да се соочат со фактот дека како сите граѓани на Македонија, и тие  треба да подмират соодветни државни давачки или да одговорат пред законот за сторен прекршок, ја замајуваат охридската јавност со лаги, невистини и клевети. Во иднина тој да работи и постапува во согласност со законите  затоа што секое спротивно дејствување ќе биде повод за уште една негова бламажа како денешната која е потсетник дека тој постапува незаконски односно се спротивставува на воспоставените правила и норми, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид од каде додаваат дека неговиот празен имотен лист наметнува две прашања – или тој работи, но не пријавува дека заработува или ништо не работи и ништо не заработува.

Тие го повикуваат Блажески да одговори како неговиот близок роднина, односно брат долго време земал плата од општина Охрид во време на претходното локално раководство, иако таа плата во ниту еден момент не ја оправдал со редовно доаѓање на работното место. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

Блажески: ДПМНЕ нека го земе имотот кој не е мој и нека го подари на Субрата Рој

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука