јуни 6, 2018

Охрид, 6. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука за наплата на паркинг на улиците, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Имено, зоната А со највисока цена се проширува со што по цела должина ќе се наплаќа на следните улици: „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, „Кузман Јосифовски-Питу“, а покрај нив во Зона А се и јавните паркиралишта на дел од Бул. „Македонски просветители“, Кеј „Македонија“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“, стара Автобуска и кај старата стоковна куќа „Чинар“. Одлуката со проширувањето на зоните особено Зона А значи по автоматизам поскапување на цените за паркинг. Во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало. Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани улици од туристите ќе бидат паркинг и ќе се наплаќа. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Градоначалникот Стојаноски веднаш да побара поништување на оваа скандалозна одлука на Уравниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ и истата да не ја става како точка на дневен ред на следната седница на Совет. Наместо безидејноста на Градоначалникот му порачуваме да се зафати со капитални проекти како што е изградба на катни гаражи. ВМРО-ДПМНЕ не е против модерен начин за наплата за паркирање со испраќање на SMS порака, но не може тоа да се прави без пилот-проект и во туристичка сезона. Им објаснавте ли на вработените што ќе се случи со нив и каква ќе биде нивната иднина? Охрид памети! Граѓаните на Охрид паметат дека СДСМ еднаш ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја поремети туристичката сезона и живеењето. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно партиските интереси да се стават пред интересите на охриѓани, порача Кирил Пецаков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на денешната прес конференција. (Крај)

извор: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука