февруари 13, 2018

Охрид, 13. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општината се разбуди од зимски сон. По молчењето и признавањето на сите досегашни обвиненија најдоа храброст да се огласат и тоа замислете со соопштение преполно со лаги, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во денешниот допис до медиумите од Општина Охрид.

– Да е уште покомично се дрзнуваат да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ за нешто што тие го изгласале. Се` што е изнесено е невистина само за да се оправдаат. Престанете да се однесувате како опозиција, Ве потсетуваме дека сте на власт и така треба да се однесувате. Точно е дека пред фактите сите молчат, но и вистината е шило. Граѓаните препознават кои се фактите и вистината, исто како што ги знаат и вашите политички игри за кои не можете повеќе да ги манипулирате. Сметките се во нивни раце и знаат која е вистината, а таа е една дека: Советниците на СДСМ на седницата на Совет одржана на ден 22.12.2017 година ја изгласаа скандалозната одлука за поскапување на цената на водата. Охриѓани поради нив плаќаат повисоки сметки. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе се грижи за намалени трошоци и подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните. Врз основа на тоа е поднесена Информација со предлог одлуки по однос на одлуката за давање на согласност на одлуката за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква“ и Одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води за регулиран период 2018-2020 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид. Ги повикуваме советниците од СДСМ доколку се грижат за граѓаните заедно со нас, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да го прифатат барањето предметните одлуки да бидат поништени и во сила да се вратат старите ценовници. Само така ќе докажат дека сакаат да донесат живот. Градоначалникот Јован Стојаноски да се фати за работа, пред се` со домаќинско работење, штедење и давање на работа на Јавните претпријатија да го санира евентуалниот минус во работењето на јавните претпријатија, а не вака на терет на граѓаните да ги полни касите на јавните претпријатија, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука