август 7, 2019

Охрид, 7. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Целосната транспарентност и отчетност во работењето на Локалната власт ветувана пред избори остана само мртво слово на хартија, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали конечно ќе слушнеме став од градоначалникот Георгиески за скандалозното однесување на директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“? Дали Георгиески ќе излезе од сенката на партиските шефови и ќе проговори, или не смее да го стори тоа? Дали заврши предизборната приказна која ја повторуваше постојано дека ќе биде градоначалник на сите граѓани? Дали не беше доволно скандалозното трошење пари од граѓаните на репрезентации во кафани? Зарем не е доволно што го достигнавте дното со поставување знаци на охридските плажи за забрането капење поради нефункционирањето на пумпите? Дали Георгиески ќе побара одговорност од Алексијоски и конечно ќе го разреши од функцијата? Локалната Власт предводена од СДСМ и Георгиески е во тотален хаос и нефункционална. Со СДСМ и Георгиески ниту имало, ниту ќе има Општина по мерка на секој граѓанин. Со СДСМ и Георгиески, Охрид и охриѓани се враќаат назад, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука