февруари 18, 2020

Охрид, 18. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Правиот пат на СДСМ и Зоран Заев не значи и отворен пат за новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое никако да профункционира со полн капацитет, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Својата неспособност ја докажаа со тоа што уште неотворено замислете го блокираа. Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра. Пресудата е добиена по доставената тужба за парите со кои бил покриван претходниот долг од страна на општина Струга за двете општини. Со самиот делбен биланс овој долг го презема новото претпријатие. Власта треба да одговори зошто наместо нормално функционирање поприоритетно е вработувањето и доделувањето на бруто плати по партиски клуч? Претпријатието се формира меѓутоа истото сè уште ги нема преземено полните надлежности, така што надлежностите за заштита на животната средина, за одведување на отпадни води остануваат и понатаму под ингеренција на општина Охрид. Наместо форографирање на секое претпријатието да се фокусира на справувањето со горливите проблеми кои нè засегаат сите нас, како што е проблемот за излевање на фекалиите во Охридското Езеро. Власта на СДСМ нема капацитет за работа и нови проекти за Охрид, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука