Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ќе Георгиески ќе остане запаметен како најдеструктивниот градоначалник на Охрид, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното на денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Охрид и актуелен градоначалник д-р Константин Георгиески.
– Типичен синоним за неспособност, деструкција, криминал и корупција. Градоначалник кој нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Народот повеќе не му верува затоа што ништо не сработи, тоа за што ја доби довербата од граѓаните не го реализира. Останаа само памфлетите, празните зборови и повторно бледи најави за проекти кои веќе требаше да бидат завршени. Срамота, мандатот го завршуваш со двајца телохранители до тебе. Охриѓани не сакаат арогантен и безидеен градоначалник, туку сакаат отворен, пријатен и насмеан градоначалник. Граѓаните токму преку него сакаат да видат човек кој им ги решава секојдневните проблеми. Георгиески докажа дека е најлошто за општина Охрид, а доказ за тоа има да биде токму 17-ти октомври кога нема повеќе бегање од одговорност и директно ќе се соочи со казната испорачана од страна на охриѓани, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива