Охрид, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-Народна партија од Охрид ја повикуваат Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески да ја преиспитаат својата одлука за класична продажба на државното земјиште наменето за автобуска станица.
– ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања пред две години најавуваше изградба на современа автобуска станица и тоа со сопствени средства на Локалната самоуправа или со приватно јавно партнерство. Меѓутоа, сведоци сме дека владејачката партија го напушти овој концепт и примени класична распродажба на државно земјиште. Поради тоа ги прашуваме која е гаранцијата дека приватната фирма која ќе го купи земјиштето ќе изгради автобуска станица и дали еден ден заради можна неликвидност истата може да згасне, а со тоа Охрид да остане без автобуска станица. Од овие причини ја повикуваме Локалната самоуправа и градоначалникот да ја напушти оваа концепција и во овој случај да се примени приватно јавно партнерство, велат од ВМРО-НП од каде додаваат дека се` друго како партија ќе го рачунаат само како уште еден неостварен проект на ДПМНЕ и Локалната самоуправа. (Крај)
извор: ВМРО-НП фото: архива