Охрид, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-Народна партија го поздрави отпочнувањето на училишната спортска лига помеѓу средните и основните училишта во Охрид.
– После една и пол година инсистирање на советникот на ВМРО-Народна партија, Јоне Станковски во Советот на Општина Охрид повторно да почне овој проект кој е многу значаен за развојот на училишниот спорт, т.н. градски власти конечно го прифатија проектот кој во континуитет и во минатото се организираше со професорите по физичка култура односно со Сојузот на училиштен спорт, стои во соопштението од ВМРО-НП Охрид.
Од охридскиот комитет на оваа партија велат дека спортот е една од најважните гранки каде децата треба во што поголем број да се насочат. (Крај/ВМРО-НП)
извор: ОхридПрес фото: архива