Њујорк, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Неколку гиганти во кондиторската светска индустрија, најавија дека планираат да ги отстранат сите вештачки ароми и бои од своите чоколадни бонбони.
Според компаниите, до крајот на 2015 година, ниту една група од 250 чоколадни производи, нема да содржат вештачки ароми или бои како што се црвено 40 или жолто флавил 5.
Се очекува дека овие хемикалии, исто така, ќе исчезнат од други бонбони. Употребата на вештачки ароми и бои е најевтиниот начин на збогатување на вкусот на прехранбените производи. Доколку компаниите се придржуваат на ветеното, тоа ќе биде позитивна промена.
Вештачките бои и ароми, содржат 7 опасни хемикалии кои се спојуваат со храната.
Студии покажале дека употребата на големи дози на храна богати со вештачки бои, предизвикуваат здравствени проблеми, меѓу кои и трајно оштетување на црниот дроб, рак, дефекти при раѓањето и алергиски реакции. Кај луѓето, овој вид храна со вештачки бои и ароми води до хиперактивност и проблеми во однесувањето кај децата. (Крај)
извор: CNN фото: архива