август 19, 2019

Охрид, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој „Буково“ се изведуваат работи на пат.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат“ информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот. (Крај)

извор: МИА фото: Курир

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука