Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денес е на кота од 693,45 метри надморска височина, односно 11 сантиметри над просекот за месец август од 693,34 метри.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во езерото, измерена денес во 13:30 часот беше високи 25,5. степени.
Метеоролозите најавуваат сончево и многу топло време. УВ индексот денес има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.
– До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31