Охрид, 3.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – И покрај обилните врнежи од дожд и снег, како и поплавувањето на одредени подрачја во охридско-струшкиот регион, водата за пиење од градскиот водовод е исправна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје.
Оттаму предупредуваат дека поради обилните врнежи е можно да дојде до мешање на водата во извориштата, па затоа доколку водата е заматена при пуштање на чешмите, апелираат да се остави да истече додека се избистри.
Инаку најголем проблем и натаму остануваат руралните средини кои имаат сопствени водоводи и не практикуваат дезинфекциски средства.Од Центарот апелираат до сопствениците на ваквите водоводи редовно да ги хлорираат.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 27