Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот радио водител од Супер радио Жанко ЗШ Голабоски на специфичен начин го одбележа денешниот голем празник посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец.
– За многу години Свети Наум Охридски Чудотворец, порача Жанко од врвот Голем Кораб на 2.764 мнв со државното знаме, знамето на Општина Охрид и слика од светецот.
Голем Кораб со 2.764 мнв е највисок врв на планината Кораб, а воедно и највисок врв во Република Македонија. Врвот се наоѓа во северниот дел на планината, на границата со Република Албанија. Врвот е доста стрмен, особено кон албанската страна и изграден од тријаски варовници. Поради големата височина, во близина и во подножјето се јавуваат траги од плеистоцена глацијација: циркови, валови, морени и др. Под врвот извира Длабока Река (десна притока на Радика), на која се наоѓа водопадот Пројфел висок 133 метри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива