Охрид, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави видео илустрација од УНИЦЕФ Македонија наменета за најмладите, за сè што треба да знаат околу миењето на рацете за да се заштитат од корона вирусот.
– За нашите најмали! За време на глобална пандемија, еден од најевтините, најлесните и најважните начини за спречување на ширењето на вирусот е рацете често да се мијат со сапун и вода. Одлична видео илустрација, напиша Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 65