јануари 17, 2023

Дебрца, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Водоводната пумпна станица „Свети Еразмо“ од денес па сé до 10-ти февруари нема да работи, информираат од ЈПКД „Дебрца“.

Оттаму додаваат дека ќе се изведуваат градежни работи и промена на водоводни цевки ф315 во должина од 70метри.

Во овој период водоснабдувањето за жителите од Оровник, Подмоље и Горенци ќе се врши од водоводната пумпна станица Требеништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука