Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат празникот Водокрст, (строг пост), ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Господ Исус Христос, со Своето предвечно човекољубие, одлучил да го спаси човечкиот род.
На 30- годишна возраст бил крстен во реката Јордан од Свети Јован Крстител.
„Не плаши се“ – му зборува Исус на Јован – туку биди смел:
Крсти ме; зашто јас ќе го ослободам светот; се предавам на смртта умртвената природа да ја оживеам. (Крај)
извор: mn фото: архива
Прочитано: 27