ноември 6, 2024

Охрид 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,14 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в), 3 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.) и само 4 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Нискиот езерски водостој предизвика од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори веќе подолг период да не тече вода. Идентична состојба во овој период имаше и изминатите години.

Во Охрид денес прeтежно сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука