Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.
Во однос на минатата недела водостојот е покачен за само еден сантиметар.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,40 м.н.в што е за 9 сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в) и за 30 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата изминатава недела е намалена и сега изнесува 8,5 степени, но сепак е повисока од вообичаената за овој период од годината.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР