Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 13 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в) и 8 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори деновиве не тече вода. Идентична состојба во овој период од годината имаше и изминатите години.
Според најавите на метеоролозите и утре не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.
– Викендов ќе се задржи променливо облачно време, денеска со услови за слаб локален дожд. Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес