Охрид, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро во моментов е над просекот за овој месец во годината.
Според последните мерења на УХМР, нивото е на котата од 693,40 метри надморска височина. Ова значи дека езерското ниво е за 23 сантиметри над нултата кота, која изнесува 693,17 метри и 8 сантиметри над декемврискиот просек, 693,32 метри.
Обилните врнежи од дожд кои ги имавме пред речиси две недели од една страна направија проблем, ги поплавија охридските улици, но позитивно влијаеа на покачување на нивото на езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23