Охрид, 21. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро е на само еден сантиметар под просекот за април (693,59 м.н.в).
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,58 м.н.в, што е за 48 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).
Водостојот се одржува на истата кота од почетокот на неделава.
Температурата на езерската вода порасна на 8 степени и е за 2,4 степени пониска во однос на месечниот просек.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд особено во северните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.
– До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, а утре ќе биде ветровито со засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), а претежно попладне со услови за појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Потоа следува неколкудневен постабилен посончев период. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст кој ќе е позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР