News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
март 31, 2024

Охрид, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е на два сантиметри над просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,51 м.н.в што е за 2 сантиметри над просекот за март (693,49 м.н.в) и за 41 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 9,5 степени, за речиси два степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 11 сантиметри, а само последнава недела се бележи раст од 4 сантиметри.

May be an image of blueprint and text that says 'министерство землоделство, шумарство водостопанство управа кидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила природните езера претходниот дени очекувана тенденција аредниот ден) 29.03.24 cm река легуновце- вардар лепенец 28.03.24 120 20 106 март вардар вардар брод треска 95 40 66 140 61 пчина 177 брегалница 66 28 14 77 струмица струмица новаци- ботун 85 табела 150 MHM 117 46 146.19 841.87 ≡ MHM 841.87 табела 144.61 нд 843.92 07:30 часот измерени 13.2 7.5 9.5 охрид ез.охрид 693.49 8.0 нивото нд езеро 9.0 7.2 7.6 апсолутно појавениот минимум изработил гм :Ay одобрил: "841.9 mnm". в.д. директор, M-p ивица годоровски нивна обработка корекција'

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Зголемена облачноста со услови за слаб локален дожд ќе има во вторник претпладне и слабо опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука