Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Намалено нивото на Охридското Езеро во однос на просекот за овој период од годината.
Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), покажуваат дека езерото е на кота од 693,36 м.н.в, што е за 3 сантиметри под просекот за февруари (693,39 м.н.в) и 26 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 9 степени и е за 2,5 степени повисока од просечната.
На почетокот на месецов нивото беше во рамки на просекот, по што следуваа осцилации околу оваа кота, за сега да биде за три сантиметри пониско од просечното.
Во Охрид денес претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Во следните денови ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР