октомври 26, 2021

Охрид, 26. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму се спушта нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е на 15 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и само три сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

dnevna

Деновиве е забележливо речиси секојдневно намалување на езерското ниво, а за една недела водостојот паднал за пет сантиметри.
Што се однесува до температурата на езерската вода, денес се измерени 14 степени, што е за 2,8 степени под октомврискиот просек.

Во Охрид денес претежно сончево време со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– И утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука