Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид веќе подолг период е исполнет со гости, што предизвикува сообраќајни гужви кои често водат и до незгоди во кои најчесто е предизвикана материјална штета, но чести се и повреди кај учесниците во истите.
Пред нас се два викенди во кои се очекува шпицот на сезоната оваа година во Охрид, особено Илинденскиот, кога се очекува огромен број гости од земјата и странство да го посетат градот под Самуиловата тврдина.
И оваа сезона ја дочекуваме без катни гаражи во централното градско подрачје, кои доколку се изградат, значително би го олесниле паркирањето во овој дел на градот и би придонесле гостите да заминуваат од Охрид со поубави искуства и впечатоци.
Вака секој ден, а особено навечер, редовна глетка се возилата кои стојат скоро во место и бараат паркинг во центарот на градот.
Охрид може, знае и треба повеќе. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес