август 10, 2019

Охрид, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти август 2019 година, околу 15:30 часот, на патниот правец Охрид-Ресен, кај месноста викана „Буково“ настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“.

– Возилото било со шведски национални регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Х.Ш. од селото Бела Црква кај Ресен, кој живее во Шведска. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од Противпожарната единица од Охрид. Повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од СВР Битола, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука