Охрид, 29. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Возило пропадна во дупка помеѓу двата коловоза, на потегот кај бензинската пумпа на „Петрол“, на делот каде се прави излезот кон „Мауцкер“.
На овој дел се во тек градежните работи на автопатот Охрид-Кичево, а според првичните информации, возилото ги пробило сигнализационите препреки кои означуваат дека едната коловозна лента не е во употреба и завршило во дупката до патот.
Неофицијално, во незгодата нема потешко повредени лица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 17