Охрид, 5. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2022 година, во 12:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат во селото Оровник, општина Дебрца, патничко моторно возило марка „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната А.П.М. од селото Оровник, удрило во 57-годишната Г.М. од селото Оровник.
– Во несреќата Г.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26