јули 8, 2019

Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тројца волонтери од клубовите на млади при ООЦК Охрид, ООЦК Битола и Црвен крст на град Скопје присуствуваа  на младинската конференција, која од 17-ти до 23-ти јуни се одржа во Солферино, Италија.Image may contain: 4 people, people smiling

– Заедно со млади волонтери од 130 држави имаа можност меѓусебно да запознаат, споделат искуства, да научат едни од други, да го посетат интернационалниот музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и да учествуваат во дискусии на работилниците за програмите У.E.S, IFCR S2030, YABC, Climate change, Substance Abuse, Voices from Solferino Leadership. Тука е и панел дискусијата со Претседателот Франческо Рока и Генералниот секретар на Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечинаи, Elhadj As Sy на која младите имаа можност да се запознаат со нив и да им постават прашања. Fiaccolata која е огромен настан во кој што младите заедно со 7.000 волонтери од цел свет одеа по патот по кој се движеле сестрите кои им помагале на ранетите војници од битката меѓу Француската и Австриската војска, од Солферино до Кастиљоне, кој се случи на крајот на кампот, информираат организаторите.

Image may contain: 1 person, smiling

На работилниците се зборувало и за проблемите на кои ќе се фокусира Црвен крст до 2030 година, врснички едукации, регрутирање и мотивација на нови волонтери, ментално здравје меѓу младите и што ние како организација може да направиме, лидерство и тимска работа, соработка меѓу Националните друштва и многу други теми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука