Волфсбург, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Волфсбург му врачи отказ на тренерот Валериен Исмаел ,откако поранешниот дефанзивец во клубот не успеа да го разигра тимот откако дојде на клупата во октомври минатата година.
Исмаел, претходно го тренираше вториот тим на Волфсбург, а на клупата на првиот тим издржа само дванаесет натпревари, за по петочниот пораз на домашен терен од Вердер и официјално да добие отказ.
По најбовиот пораз екипата на Волфсбург сега е на 14. место на табелата, само два бода над местата кои значат преселба во втората лига. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17