Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Wonderland theatre од Скопје, во понедленик, на 17-ти јуни 2024 година, на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја изведе претставата „Види, летам!“.
– Преку турнеја во повеќе градови, меѓу нив и Охрид целта е вистинските приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство да се приближат до што повеќе гледачи во државава. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни, авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла, велат од Wonderland theatre.
Режијата е на Ивана Ангеловска, а во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.
Претставата ќе започне во 20:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива